Изненадување за Швеѓанецот

Нада Топчагиќ пееше на роденденската забава на Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ синоќа го славеше 40. роденден, а специјално изненадување за него беше присуството на Нада Топчагиќ која му ја запеа неговата „Јутро је“.

Милан синоќа со 3-2 победи на гостувањето кај Аталанта, а по натпреварот се славеше роденденот на Златан Ибрахимовиќ.

Во изминатиот период Ибрахимовиќ постојано ја форсираше песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ. Не само ја имаше во видеа на социјалните мрежи, туку ја пееше и на „Санремо“.

На вчерашната забава на Ибрахимовиќ, се појави и Нада Топчагиќ која во живо му ја запеа омилената песна.

На роденденот на Ибра беше и Погба, вирална стана неговата слика со пејачката.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе