Teшко дека волку мала разлика имало некогаш

На Ван Дајк за малку му избега првата „Златна топка“, Меси го доби трофејот со само седум бодови повеќе (ФОТО)

Франс Фудбал ги објави гласовите за „Златната топка", Лео Меси стигна до трофејот пред Ван Дајк со само седум бодови повеќе, тешко дека волку мала разлика имало некогаш.

Лео Меси стана првиот играч кој може да се пофали со шест трофеи „Златна топка“, Аргентинецот синоќа беше прогласен за најдобар играч во сезоната во изборот на Франс Фудбал.

Но лесно можеше да се случи Вирџил ван Дајк да се радува на првиот трофеј и да биде првиот дефанзивец по Фабио Канаваро кој стигнал до оваа престижна индивидуална награда.

Франс Фудбал го објави конечниот распоред, Лео Меси добил 686 бодови при гласањето на новинарите ширум светот, додека пак Вирџил ван Дајк добил 679 бодови. Разликата од само 7 бода е една од најмалите во историјата на „Златната топка“.

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе

„Тој е бугарофил“, е сентенца-обвинување, небаре сте Евреин во (пред)нацистичка Германија. Во држава со оспорено и  „проблематично минато“, која политички и национално се одржавотвори  во виорот на Втората светска војна, национализмот кој триесет години во Македонија се продуцираше, беше одбранбен национализам.

повеќе