Напаѓачот останува

На Тотнем му требаат пари, но нема намера да го продаде Хари Кејн

Тотнем нема намера да го продаде Хари Кејн на Манчестер јунајтед или на било кој друг ривал од Премиерлигата, дознава „Скај Спортс“. 

Синоќа се појавија гласини дека Даниел Леви може да го продаде Хари Кејн на Манчестер јунајтед за 200 милиони фунти, пари со кои би ги ублажил штетите од коронавирусот.
 
Кејн нема да биде продаден на Манчестер јунајтед, ниту на било кој друг англиски клуб, пишува „Скај Спортс“.
 
Тој е клучниот фудбалер на Жозе Мурињо и Португалецот би бил многу разочаран ако Кејн замине од тимот.
 
Постои шанса за негово заминување надвор од Англија, но таа е мала.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе