ЦР7 може да не игра против својот поранешен клуб Манчестер јунајтед

На Роналдо му се заканува казна од еден до три меча, сè зависи од тоа што ќе пише Брих во извештајот

Кристијано Роналдо сигурно нема да игра против Јанг Бојс по црвениот картон кој го заработи синоќа, но дали ќе биде во комбинација за пресметките со Манчестер јунајтед ќе зависи од извештајот на судијата Феликс Брих.

ЦР7 вчера го имаше своето деби за Јувентус во Лигата на шампионите, противник му беше Валенсија, тим против кого обожаваше да погодува додека играше за Реал Мадрид. И додека сите очекуваа да видат нов гол на Кристијано Роналдо, Португалецот за прв пат беше исклучен по 154 натпревари во најелитното европско натпреварување.

Фановите сметаат дека тој неправедно заработил црвен картон, а и самиот играч не веруваше што му се случи и со солзи во очите го напушти теренот.

Контроверзната одлука сега веќе е минато, и за Кристијано Роналдо и Јувентус е многу поважно што Феликс Брих ќе пише во извештајот, бидејќи од тоа ќе зависи и казната која ќе ја изрече УЕФА.

Судијата од Германија не го виде инцидентот, односно дуелот по кој Муриљо падна на тревата и симулираше дека бил удрен од Кристијано Роналдо, а ЦР7 го фати дефанзивецот на Валенсија за глава и побара да не глуми и да стане веднаш.

Медиумите од Италија ја анализираа ситуацијата, и велат дека помошникот на Брих, Фриц, кој стоеше покрај гол-линијата го известил главниот арбитар дека Роналдо го повлекол Муриљо за коса. Ова било повторено неколку пати, а Фриц исто така во два наврати одговорил ДА, кога Брих прашал дали Португалецот заслужува црвен картон.

Сега останува да се види што ќе напише Брих во извештајот со оглед на тоа дека не го виде инцидентот со сопствени очи. По автоматизам на Кристијано Роналдо му следува еден меч суспензија за неспортско однесување.

Но доколку инцидентот биде заведен како насилно однесување, тогаш ЦР7 ризикува да добие и три меча суспензија. Во овој случај, покрај дуелот со Јанг Бојнс, Кристијано Роналдо ќе го пропушти и двомечот со неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе