Лига Европа

На повидок лондоско финале во ЛЕ, Арсенал ја победи Валенсија, Челси се избори за реми во Франкфурт (ВИДЕО)

Клубовите од Лондон имаа добра вечер во Лига Европа, Арсенал со 3-1 ја совлада Валенсија а Челси се враќа од гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со реми од 1-1.

„Топчиите“ обезбедија убава предност пред реваншот на Местаља откако вечерва пред своите фанови со 3-1 ја совладаа Валенсија.

Гостите одлично го отворија мечот и поведоа со голот на Диакаби во 11. минута. Сепак Арсенал брзо се врати во игра. Обамејанг изби сам по еден брз напад и несебично му подаде на Лаказет за изедначување.

Французинот во 26. минута по втор пат се запиша во листата на стрелци и со глава го матираше Нето за 2-1.

Лаказет потоа пропушти неколку убави шанси за хет-трик и зголемување на предноста, но Обамејанг на почетокот од судиското надополнување реализираше и постигна гол кој може да биде клучен.

Во Франкфурт, Ајнтрахт и Челси одиграа 1-1. Домаќините поведоа со голот на Јовиќ, но гостите пред крајот на првиот дел се изборија за реми преку Педро.

 

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе