Конте добива неколку засилувања

На Меаца се работи „турбо“: Интер го договори Ешли Јанг, следат Жиру, Ериксен и Спинацола

Интер го договори Ешли Јанг од Манчестер јунајтед за 1,5 милиони евра и бонус за освоено Скудето, следат и Оливие Жиру и Кристијан Ериксен, агентите на Французинот и Данецот денеска беа во Милано.

На Џузепе Меаца денес се работеше „турбо“, Интер го договори Ешли Јанг. На Манчестер јунајтед ќе му бидат платени 1,5 милиони евра, а „ѓаволите“ ќе добијат и бонус доколку „нероаѕурите“ го освојат Скудетото.

По ангажманот на Англичанецот, следуваат и трансферите на Оливие Жиру, Кристијан Ериксен и  Леонардо Спинацола.

Со Челси има согласност за зделка од 5 милиони евра, плус 1,5 милиони во бонуси. Агентот на Французинот денеска пристигна во Милано да го финализира формалностите а напаѓачот во следните 48 до 72 часа треба да отпатува во Италија на лекарски прегледи.

Во завршна фаза се и преговорите со Тотнем за Кристијан Ериксен, агентот на Данецот исто така беше во Милано за да помогне во надминување на разликите помеѓу двата клуба. Се верува дека последната понуда од Интер вредна 18 милиони евра ќе биде доволна.

По синоќешните проблеми во преговорите, денешниот ден донесе компромос помеѓу Интер и Рома за трампата во која ќе бидат вклучени Матео Политано и Леонардо Спинацола. „Волчицата“ се налути откако „нероаѕурите“ побараа дополнителни прегледи, но сега е пронајдено решение и дефанзивецот ќе пристигне во Милано на позајмица со опција за перманентен трансфер доколку одигра одреден број натпревари.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе