Серија А

На Лукаку му требаа 32 секунди да го совлада Перин, Интер лесно против Џенова и Пандев (ВИДЕО)

Интер со 3-0 славеше над Џенова и се зацврсти на врвот на табелата, Лукаку, Дармијан и Санчез се погрижија за лесна победа и нови три бода.

Интер го искористи киксот на Јувентус за да отвори поголема предност, попладнево избраниците на Конте без многу проблеми славеа со 3-0 против Џенова.

На Лукаку му требаа само 32 секунди за да го совлада Перин и да донесе водство од 1-0 за домаќините.

За следниот гол се чекаше многу, Дармијан со прецизен шут по земја во 69. минута донесе 2-0.

Сите дилеми ги реши Алексис Санчез, Чилеанецот само што влезе од клупата за резерви заврши една убава акција на Интер за 3-0.

Нашиот Горан Пандев доби шанса од клупата по еден час игра, но не можеше да стори ништо за Џанова да избегне пораз.

Со овие три бода, „нероаѕурите“ имаат +7 во однос на Милан и +10 во однос на Јувентус, но и натпревар повеќе.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе