Голманска криза во Ливерпул

На Клоп му се темни, навивач го повреди Адриан

Поради банална причина Адриан би можел да го пропушти мечот со Саутемптон со што дополнително ќе се продлабочи голманската криза во Ливерпул.

По победата над Челси во Истанбул, фан на Ливерпул влегол на терен и несакајќи го повредил голманот Адриан, настрадал зглобот на Шпанецот.
 
Адриан е замената за Алисон кој се повреди во првото коло од Премиерлигата. Сега и шпанскиот голман е неизвесен за мечот со Саутемптон.
 
Доколку не може да настапи, Клоп ќе треба да бира некој од искусниот Енди Лонерган или младиот Комхин Келехер.
 
„Не разбирам зошто во светот на социјалните медиуми каде сите сме заедно, навивач да скокне на теренот поради нешто и да го удри зглобот на Адриан“, вели Клоп.
 
„Ќе видиме дали ќе може да брани. Ќе размислиме за дуелот во сабота, треба да најдеме начин да победиме“.
 
„Енди Лонегран тренира заедно со Келехер и ги имаме нив како опции“.
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе