Како за сите, така и за неа

На ќерката на Марадона не ѝ дозволиле да влезе на стадионот на Наполи

Ќерката на Марадона, Далма која е во Неапол и снима документарец за нејзиниот татко, се пожали дека не ѝ дозволиле да влезе на стадионот кој е именуван по нејзиниот татко.

Марадона почина на 25. ноември минатата година, а Наполи на повеќе начини му изрази почит на својот легендарен фудбалер. Тие го именуваат стадионот по него што е доказ дека тој им е најголема фудбалска икона.
 
Но и покрај тоа, неговата ќерка не добила дозвола да влезе на стадионот.
 
Таа пристигнала во Неапол да снима документарец за нејзиниот татко, но од градот не дозволуваат посети на стадионот овие денови.
 
„Ми изгледа неверојатно да не можам да влезам на стадионот кој е именуван по мојот татко“, изјави Далма Марадона за „Ла Република“.
 
Според информациите од Италија, таа би можела да добие зелено светло за влез на стадионот од 22. декември, но проблем е што има закажано лет за враќање во Аргентина пред тој датум.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе