Во претпоследниот натпревар од 6. коло во Серија А, Јувентус одигра 2-2 против Салернитана.
Гостите поведоа во 18. минута со голот на Кандрева, за длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Пјатек од пенал зголеми на 0-2.
Јувентус се врати во игра на стартот од вториот дел, Бремер намали на 1-2. Избраниците на Алегри потоа силно притискаа, но Салернитана одолеваше се до финишот, кога судијата покажа на белата точка.
Бонучи ја превзеде одговорноста, го промаши пеналот но прв стигна до одбиената топка и изедначи на 2-2.
Кратко потоа, во 95. минута Милик по еден корнер реализираше за 3-2 и огромна радост, но ВАР го спречи славјето.
Бонучи беше во офасајд, и иако не ја допре топката, судиите сметаа дека дефанзивецот имал намера и влијаел на играта па го поништија голот. Додека траеше прегледувањето, настана мешаница по која црвени картони добија Квадрадо, Алегри и Фазио.
Претходно Милик доби втор жолт картон и беше исклучен откако при прославата на голот го соблече дресот.