ФА Куп

На Јунајтед му се погодија засилувањата, два гола на Игало во победа над Дерби (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Дерби и се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот, Игало се покажува како вистинско засилување за тимот на Солшер. 

Според првичниот впечаток на Манчестер јунајтед му се погодија новите засилување, Фернандеш и Игало, денеска блескаше напаѓачот.
 
Вејн Руни играше против својот поранешен клуб, имаше два прекрасни обиди од слободен удар, но Ромеро беше победник и во двата наврати.
 
Манчестер јунајтед дојде во водство во 33. минута со убав гол на Лук Шо. Само осум минути подоцна Игало зголеми на 2-0.
 
Во 70. минута Игало постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат од 3-0 за Манчестер јунајтед.
 
Во четвртфиналето Манчестер јунајтед ќе му гостува на Норич кој го изненади Тотнем.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе