„Лавовите“ сметаат дека се измамени

На Интер му се заканува тужба: Одби 5 милиони од Спортинг за Жоао Марио па го пушти играчот беспари во Бенфика

Спортинг размислува да го тужи Интер поради трансферот на Жоао Марио, на клубот од Лисабон не му е јасно зошто „нероаѕурите" одбиле 5 милиони евра од нив и потоа беспари го пуштиле фудбалерот во Бенфика.

Интер може да заработи тужба од Спортинг Лисабон, медиумите од Португалија пренесуваат дека „лавовите“ размислуваат да се пожалат до ФИФА и Судот за спортска арбитража за начинот на кој Жоао Марио заврши во Бенфика, фудбалерот од средниот ред синоќа го раскина договорот со клубот од Милано за денеска, беспари, како слободен играч се пресели на „Естадио да Луж“.

Како што пренесува О Жого, раководството на Спортинг не го разбира потегот на Интер и прашува: „Зошто одбивте 5 милиони од нас и потоа беспари го пуштивте во Бенфика?“.

Имено, Жоао Марио минатата сезона настапуваше на позајмица на стадионот „Жозе Алваладе“ и Спортинг ова лето се обиде во целост да го купи играчот. Интер побара 7,5 милиони евра, сума со која ќе нема да биде искажана загуба во буџетот, но „лавовите“ на маса ставија 3 милиони евра, плус додатни 2 милиони евра во бонуси.

Потоа во битката влезе Бенфика, „орлите“ беа подготвени да платат 7,5 милиони евра, се договорија со Интер, но Спортинг се закани дека ќе бара оштета од 30 милиони евра, повикувајќи се на клаузула која не дозволува играчот да биде продаден на нивен ривал и зделката беше ставена во мирување.

Беа консултирани неколку адвокати за на крајот Интер и Жоао Марио вчера да постигнат согласност за прекин на договорот и Португалецот денеска да потпиша за Бенфика како слободен играч.

О Жого додава дека има уште еден спорен момент во целата ситуација, односно дека Интер му должел 4 милиони евра на агентот на Жоао Марио, кој ветил дека ќе се откаже од оваа сума доколку биде раскинат договорот на фудбалерот со цел тој беспари да се пресели во Бенфика.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе