Челси е фаворит за неговиот потпис

На Хаверц не му се игра веќе во Леверкузен, сака поголем клуб

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц сака да си замине од германскиот клуб, Челси е фаворит за неговиот потпис. 

Роман Абрамович сака да го врати Челси на врвот во Англија, Русинот планира повторно да инвестира значителна сума за нови засилувања. Сините веќе ги обезбедија потписите на Зијеш и Вернер, а следен на нивната листа е Хаверц.
 
Тој сака трансфер во Челси и планира да достави и барање за трансфер до Баер Леверкузен доколку германскиот клуб одбива да го продаде.
 
Се верува дека Леверкузен за негово заминување бара околу 100 милиони евра, но Челси го цени фудбалерот на околу 75.
 
Очекувањата се дека Леверкузен ќе попушти во барањата и ќе најде заеднички јазик со Челси за реализација на овој трансфер.
 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе