Не престануваат поплаките од Грција

На Грците им пречат и ФФМ и МКД, а сега и коментаторите на МТВ

Не е завршено ни првото коло од Европското првенство, а Грција веќе има серија поплаки до Македонија и до УЕФА, иако тие не учествуваат на континенталниот собир. Последно, се фатија за коментаторите. 

На Грција ѝ пречи што македонските коментатори го употребуваат името Македонија, а не Северна Македонија.
 
Грчката државна новинска агенција АНА-МПА објави реакција со која бара коментаторите на МРТ да го користат официјалното име што е договорено со Преспанскиот договор.
 
Според нив, Македонската радио-телевизија се финансира од државниот буџет, а договорот од Преспа вели дека таквите институции мора да го користат името Северна Македонија.
 
„Националниот тим на Северна Македонија го имаше својот прв настап на ЕП играјќи против Австрија, од која загуби со 3-1. Мечот беше пренесуван од државната телевизија на Северна Македонија „МРТ“, која ги има правата за ЕВРО 2020 во земјата. И покрај фактот што „МРТ“ е финансирана директно од државниот буџет на Северна Македонија (не од реципрочен надомест), затоа според договорот од Преспа тие мора да го користат официјалното име на земјата при преносот од натпреварот, а тие го сторија спротивното. Без воопшто да се воздржат, двајцата коментатори на натпреварот постојано земјата ја нарекуваа „Македонија“. Во ниту еден момент тие не рекоа „државјанин на Северна Македонија“ во текот на преносот, ниту пак го користеа новото име на земјата „Северна Македонија“, стои во реакцијата на грчката државна новинска агенција, АНА-МПА.
 
Претходно грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, се пожали до УЕФА за логото на ФФМ на дресовите на Македонија, а нивниот министер за надворешни работи Дендиас испрати писмо до својот колега Бујар Османи - му пречеше кратенката „МКД“.
 
Се побуни и поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој исто така тврди дека според Преспанскиот договор ФФМ треба да го промени името.
 
  
 
 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе