Велшанецот флертува со својот поранешен клуб

На Бејл му се допаѓа комбинацијата Тотнем и Мурињо, би можел ли и тој да им се приклучи?

Герет Бејл има големи пофалби за Мурињо, смета дека неговиот поранешен клуб направил вистински потег со ангажманот на Португалецот. 

Герет Бејл од 2007 до 2013 беше член на Тотнем, тој се поврзува со враќање во клубот откако Мурињо го презема кормилото.
 
„Мислам дека Мурињо е сериски победник. Тотнем сака да освојува титули и не знам дали има подобар тренер од Мурињо за да му донесе на тимот некој трофеј“, вели Бејл.
 
Мурињо го посакуваше Бејл уште додека беше тренер на Манчестер јунајтед. На пријателски меч во 2017 години Мурињо беше фатен како му шепна на Бејл „Не можам да те купам доколку молчиш“. Тоа значеше дека Велшанецот треба да изрази желба да си замине од Реал Мадрид, но тој не го правеше тоа.
 
Сега ситуацијата е поинаква, Бејл не е омилен кај Зидан, а ги разочара и навивачите со знамето на кое прво го става голфот а потоа Реал Мадрид.
 
Тешко е за верување дека Бејл во јануари би се преселил во Тотнем, но реална е можноста тоа да се случи во јуни.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе