„Баварците“ имаат пари за трошење, но само на прави играчи

На Баерн многу му се 100 милиони за „старецот“ Роналдо, но за две млади ѕвезди на Ајакс имаат 150 милиони

Ули Хенес вели дека тој и Баерн никогаш не би платиле 100 милиони евра за Кристијано Роналдо со оглед на возраста на Португалецот, но можат да го одврзат ќесето за Френки де Јонг и Матајс де Лихт од Ајакс.

ЦР7 го направи најголемиот трансфер изминатово лето кога Јувентус на Реал Мадрид му плати 100 милиони евра. Зделката беше изненадување за многумина, и привиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес сега вели дека тие никогаш не би платиле ваква сума поради годините на Португалецот.

„Со затворени очи ќе платевме 100 милиони евра доколку имаше 24 години, но нема шанси да одвоиме ваква сума сега кога има 33 години“ – вели Ули Хенес.

Се очекува „Баварците“ по крајот на сезоната да направат голема реконструкција и да го подмладат тимот. На располагање ќе имаат трансфер буџет преку 200 милиони евра, а според Билд, најголем дел од оваа сума може да заврши на сметката на Ајакс.

Весникот пренесува дека Баерн е подготвен да одвои 150 милиони евра за младите ѕвезди Матајс де Лихт и Френки де Јонг. Но ваквата луда сума не му гарантира ништо на шампионот на Германија бидејќи дефанзивецот и фудбалерот од средниот ред подолго време се на радарот на гигантите ширум Европа кои исто така се подготвени да платат слични бројки за новите бисери од школата на клубот од Амстердам.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе