Вакви примања во Реал имаше само Роналдо

На Азар не само што ќе му се оствари сонот да заигра за Реал, ќе добие и двојно поголема плата

Еден Азар ова лето ќе си го оствари сонот да заигра за Реал, а и добро ќе се офајди од преселбата во Мадрид, на Бернабеу ќе заработува двојно повеќе или 400.000 фунти неделно.

Еден Азар никогаш не криел дека има желба да го облече белиот дрес на Реал Мадрид и конечно ќе се реализира еден ваков трансфер. „Кралевите“ и Челси си подадоа рака и Белгиецот ќе се пресели на Бернабеу за почетни 88 милиони фунти (100 милиони евра), а зделката може да достигне и 130 милиони фунти (речиси 150 милиони евра) со бонус.

Покрај тоа што ќе му се оствари сонот, Еден Азар и добро ќе се офајди. Како што пишува Ивнинг Стандард, играчот во Мадрид ќе добие двојно поголема плата од таа која во моментов ја има на Стемфорд Бриџ.

Белгиецот во Реал ќе заработува 400.000 неделно, наспроти сегашните 200.000 фунти. Претворено во евра на годишно ниво, тоа е околу 23,5 милиони евра. Вакви примиња на Бернабеу нема никој друг, можно е само Кристијано Роналдо да имал слична плата.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе