Премиерлига

На Арсенал под итно му треба нов тренер, пораз на свој терен од Брајтон за најлоша серија во последните 42 години (ВИДЕО)

Брајтон ја продлабочи кризата на Арсенал откако вечерва славеше со 1-2 и за прв пат победи на Емирати, „топчиите" ја имаат најлошата серија во последните 42 години откако на девет меча немаат триумф.

Во последниот натпревар од 15. коло во Премиерлигата, Брајтон го изненади Арсенал и триумфираше на гостувањето во Северен Лондон. Вебстер се снајде најдобро по една мешаница во шеснаесетникот на „топчиите“ и донесе предност од 0-1 во 36. минута.

Арсенал притисна силно во продолжението од мечот и брзо се врати во игра со погодокот на Лаказет во 50. минута. Налетите продолжија и Давид Луиз ја смести топката во мрежата на гостите за 2-1, но голот му беше поништен поради офсајд.

И кога избраниците на Љунберг се подготвуваа за завршна офанзива, Мопеј одлично биеше со глава за 1-2 во 80. минута и ја замолкна публиката. Брајтон го издржа притисокот во последните минуги па за прв пат во својата историја триумфираше на Емирати.

Што се однесува до Арсенал, „топчиите“ ја имаат најлошата серија во последните 42 години откако на девет меча во низа не знаат за победа. Претходно во 1977 имале 10 натпревари без триумф.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе