Арсенал ги освои трите планирани бодови благодарение на два гола постигнати за четири минути откако претходно губеа со 1-0.
Рапид Виена поведе по шест минути игра во вториот дел со погодок на Фоунтас, Давид Луиз во 70. минута изедначи на 1-1, а Обамејанг четири минути подоцна донесе победа од 2-1.
Изненадување се случи во Неапол, каде АЗ Алкмар триумфираше. Со погодок на Де Вит во 57. минута холандскиот клуб го победи Наполи.
Рома слично како и Арсенал славеше гостинска победа од 2-1, тие го совладаа тимот на Јанг Бојс. Домаќините поведоа по 15 минути игра во првиот дел, а Перес во 69. и Кумбула пет минути подоцна ја донесоа победата за волчицата.
Реал Сосиедад со гол на Џон во судиското продолжение дојде до победа на гостувањето кај Ријека.
Резултати на натпреварите од 18:55
Баер Леверкузен - Ница 6:2
ЦСКА Софија - Клуж 0:2
Дандалк - Молде 1:2
Хапоел Бер Шева - Славија Прага 3:1
Лех - Бенфика 2:4
Наполи - АЗ Алкмар 0:1
ПАОК - Гранада 1:2
Рапид Виена - Арсенал 1:2
Ријека - Реал Сосиедад 0:1
Стандард Лиеж - Ренџерс 0:2
Јанг Бојс - Рома 1:2