АБА 2 лига

МЗТ Скопје со пораз се враќа од Домжале

МЗТ Скопје го забележа вториот пораз во АБА 2 лигата откако со 76:78 загуби на гостувањето кај Хелиос Санс. 

Натпреварот во првото полувреме беше крајно неизвесен, и првата и втората четвртина завршија нерешено, на одморот се замина со резултат од 43:43.
 
Во третиот период домаќинот доминираше, ја доби четвртината со 22:11 и во последната четвртина влезе со 11 поени предност. И покрај големата негатива МЗТ Скопје се врати, успеа да поведе во финишот, но Хелиос беше поснаодлив во последната минута и дојде до победа од 78:76.
 
Џабари Хиндс со 29 поени беше убедливо најдобриот во составот на МЗТ Скопје, двоцифрен беше само уште Дамјан Стојановски кој реализираше 15 поени.
 
По седум одиграни меча МЗТ Скопје има пет победи и два порази, македонскиот шампион по ова кола ќе го загуби врвот на табелата.
 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе