АБА лига 2

МЗТ Скопје прокоцка победа кај Приморска, прв загубен меч во втората АБА лига

МЗТ Скопје за нешто повеќе од една минута успеа да прокоцка осум поени разлика и по едно продолжение да го загуби натпреварот на гостувањето кај Сикст Приморска со 91:84.

Во третото коло МЗТ Скопје го доживеа првиот пораз во втората АБА лига откако загуби на гостувањето кај главниот ривал за враќање во елитата.
 
МЗТ Скопје имаше водство од 77:69 на нешто повеќе од осум минути до крајот на мечот но им дозволи на домаќините да направат серија од 8-0 и да го однесат натпреварот во продолжение по кое дојдоа до триумф.
 
Македонскиот тим одлично го почна мечот, водеше постојано во првото полувреме и на одморот заминаа со предност од 41:36. Третиот период им припадна на домаќините кои направија комплетен пресврт и во последната четвртина влегоа со предност од 61:55. 
 
МЗТ Скопје се крена во последните десет минути, направи серија од 13:2 и го врати водството. Во последната минута имаше плус осум и се чинеше дека ќе дојде и до третата победа, но на домаќините изедначија на 77:77, а во продолжението дојдоа до лесен триумф од конечни 91:84.
 
Џејмс Вудард со 20 поени беше најефикасниот кошаркар на МЗТ Скопје, Медфорд постигна 19, Ивановимаше 15, а Бојиќ 13.
 
Во следното коло МЗТ Скопје го пречекува Ловќен во „Јане Сандански“.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе