АБА 2 лига

МЗТ Скопје потклекна во финишот и загуби на гостувањето кај Ловќен

МЗТ Скопје доживеа уште еден гостински пораз во АБА 2 лигата откако вечерва со 73:69 го загуби мечот, иако имаше предност од девет разлика во финишот. 

МЗТ Скопје може да жали што од Ловќен си заминува со пораз. Во последните пет минути од мечот нашиот тим влезе со предност од девет поени разлика, но не успеа да ја задржи.
 
При негатива од два разлика на 13 секунди до крајот Џабари Хиндс се обиде со тројка да донесе победа за МЗТ Скопје, но промаши. Домаќинот ја зголеми предноста за уште два поени и на крајот славеше со 73:69.
 
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 20 поени, Хиндс и Херис постигнаа по 12.
 
МЗТ Скопје со осум победи и три порази остана на второто место на табелата. 
 
И следниот натпревар МЗТ Скопје го игра на гостински терен, наредниот четврток против Слобода во Тузла.
 
 
 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе