МЗТ Скопје го „потопи“ Пелистер и дојде на чекор до шампионската титула

МЗТ Скопје со убедливи 86-62 го совлада Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ и поведе со 2-1 во финалната серија, веќе во следниот меч ќе ја има првата шанса да дојде до деветтата шампионска титула. 

Фото: МЗТ Скопје
Неизвесно беше само во воведните минути од натпреварот, потоа МЗТ Скопје почна да ја зголемува предноста и веќе рано во мечот се знаеше кој ќе биде победникот.Највисоката разлика беше 36 поени, 66-30.
 
Во финишот од мечот МЗТ Скопје ја тргна ногата од гас, па Пелистер успеа да ја намали негативата и да дојде до -24, конечниот резултат беше 86-82.
 
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Милошевиќ со 23 поени, Дејвис и Војдан Стојановски постигнаа по 14, кај Пелистер Хотон и Кесар постигнаа по 15.
 
Следниот меч се игра во петок во Битола, МЗТ Скопје со победа ќе ја освои шампионската титула, Пелистер ќе се бори за мајсторка.

Легенда под Главна слика

Фото: МЗТ Скопје

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе