Прва лига

МЗТ Скопје е пресилен за Работнички, убедлив трумф во вечното дерби

МЗТ Скопје го победи Работнички со убедливи 87-66 во „Јане Сандански“, аеродромци можеа и да го понижат ривалот, но закочија во финишот. 

Фото: КФСМ
Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички овојпат не беше резултатски неизвесно како што се поголемиот број на дуели меѓу големите ривали. Денеска тимот од Аеродром имаше апсолутна доминација.
 
Во еден момент домаќинот поведе и со 36 поени разлика, 82-46, но закочи во финишот и Работнички успеа да ја намали високата негатива и да избегне уште посрамен пораз.
 
Крстевски со 18 и Робев со 16 поени беа најефикасни во составот на МЗТ Скопје, кај Работнички, Џексон Пол постигна 14 поени.
 
Останатите мечеви од шестото коло се играат викендов, овој дуел се одигра порано поради настап на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата.

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе