МЗТ и Работнички се избегнаа во четврт-финалето, ама можна е пресметката во полуфиналето

Најголемите кошаркарски ривали кај нас, екипите на МЗТ Скопје и на Работнички можно е првото годинешно вечно дерби да го одиграат во полуфиналето од Купот на Македонија, но претходно двете екипи ќе треба да ги минат четвртфиналните пречки – Струмица и Фени индустри.

Ова е епилог од денешната ждрепка на двојките од завршниот турнир во најмасовното натпреварување, кој ќе се одржи во периодот помеѓу 28 и 31 март. Во вториот дел од костурот, кој според сите оценки е многу полесен од првиот, во четврт-финалето силите ќе ги одмерат Кожув и Вардар односно Лирија и Куманово, кои си закажаа реприза од ланската завршница каде што исто така се сретнаа на почетокот од турнирот.

Организатор на куп-завршницата е спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје  каде што следниот викенд  најдобрите осум кошаркарски екипи ќе се борат за победничкиот пехар, кој во моментов е во сопственост на тимот на МЗТ.

„Чест за задоволство е да се биде организатор на овој голем настан. Ќе ги исполниме сите стандарди и нормативи потребни се да мине во најдобар ред. Се надеваме на промоција на спортска култура без насилство и навивање без никакви инциденти“, изјави директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски.

Билетите од четврфиналните и полуфиналните средби ќе чинат по 120 денари додека влезницата за големото финале ќе чини 150 денари. Од секој продаден билет за овој настан ќе бидат одвоени по 20 денари, кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели и тоа за домот за деца без родители „11 Октомври“.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (28 и 29 март)

(1) МЗТ Скопје – Струмица (18 ч.)

(2) Фени И. - Работнички (20.45 ч.)

(3) Кожув – Вардар (18 ч.)

(4) Лирија – Куманово (20.45 ч.)

ПОЛУФИНАЛЕ (30 март)

(5) Победник 1 – Победник 2 (18 ч.)

(6) Победник 3 – Победник 4 (20.45 ч.)

ФИНАЛЕ (31 март)

Победник 5 - Победник 6 (19 ч.)

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе