Тренерот на Тотнем го впери прстот кон „кралевите“

Мурињо: Зошто на Бејл му требаше толку многу време да блесне? Прашајте го Реал Мадрид!

Жозе Мурињо го обвини Реал Мадрид за лошата форма на Герет Бејл од почетокот на сезоната, вели дека неговиот трпелив пристап вродил со плод и затоа дури сега Велшанецот блеснал.

Герет Бејл во септември се врати во Тотнем, требаше да биде големо засилување но не добиваше многу шанса. Изминатиов викенд тој конечно блесна, постигна два гола против Барнли, забележа и асистенција и беше прогласен за играч на мечот.

Па на денешната прес конференција, новинарите го запрашаа Жозе Мурињо зошто толку многу време било потребно за Герет Бејл да проработи.

„Поради работите кои се случуваа во последните две години во Реал Мадрид, па ќе треба да ги прашате нив. Доколку ви одговорат, ќе разберете подобро зошто му требаше толку многу време“  - вели Португалецот.

„Или пак можеби тоа што јас бев трпелив за да го достигне нивото на кое игра во последните две недели“.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе