Серија А

Мурињо: Зборовите кои ги слушнавме од Јуве во тунелот и соблекувалната, се надевам дека ќе ги кажат и јавно

Жозе Мурињо е разочаран од резултатот, но е задоволен од играта на својот тим и смета дека тие требало да се радуваат на победата, а не Јувентус.

Рома одигра добар натпревар, со двојно повеќе удари кон голот од Јувентус, но се враќа дома со празен плен.

„Можам да кажам само дека видов една одлична Рома. Тоа им го кажав на моите фудбалери во соблекувалната“, вели Мурињо.

„Јасно е, зборуваме за пораз и нула бодови, но можам да кажам дека Рома одигра добро во секој аспект. Честитки за организацијата, напорната работа, за оние кои играа и покрај тоа што омаа неколку физички потешкотии. Видов желба, самодоверба, верба. Јасно е дека поразот секогаш е пораз, но ако погледнеме во проектот, тоа значи дека созреваме“.

„Можеби јас гледам поинаку од двас, но видов тим кој заслужи да победи, но загуби. Тоа е фудбалот“.

Мурињо го прокоментира судењето, и фактот што судијата продолжи само три минути и покрај тоа што ВАР долго се гледаше за потенцијален пенал врз Пелегрини во второто полувреме.

„Давањето на три минути, тоа покажува намера. Не сакам да коментирам за пенал инцидентот. Ги немам сите информации, не гледав повторени снимки. Сакам да се изолиирам од тој инцидент и да се фокусирам на се она што направи мојот тим“.

„Сите зборови кои ги слушнавме од Јувентус во тунелот и соблекувалната, се надевам дека ќе ги кажат и јавно. Тие знаат колку им беше тешко против нас вечерва“.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе