Манчестер јунајтед

Мурињо: Заслужено добив отказ, но овој Манчестер јунајтед е полош од мојот

Жозе Мурињо признава дека тој заслужено го добил отказот од Манчестер јунајтед, но смета дека „црвените ѓаволи“ сега се уште полоши отколку со него.

Манчестер јунајтед игра во очајна форма, Оле Гунар Солшер е пред отказ. Во летниот преоден рок клубот ги купи Мегваер, Ван Бисака и Џејмс, но напредок нема.

Жозе Мурињо вели дека овој Манчестер јунајтед е уште полош од претходниот и ризикува да не заврши ниту во топ шест.

„Тие се далеку од Ливерпул и Манчестер Сити. Бев таму две години во кои почувствував многу позитивни работи и можев да ја почувствувам насоката по која требаше да одиме“, вели Мурињо.

Очигледно третата сезона не беше добра, бев отпуштен, веројатно заслужено добив отказ бидејќи јас како тренер сум одговорен, но тажната реалност е дека тие сега се уште полоши од претходно“.

„За мене тоа е тажно. Можеби луѓето мислат дека уживам во ситуацијата, но не е така. Имам голема почит за фановите и за мене ова е навистина, навистина тажно. Кога тимот е „досаден“, вие сте досадни но има резултати. Во овој момент тие имаат проблем не да се конкурентни за топ четири, туку за топ шест. Овој тим е полош отколку тимот од минатата сезона“.

„Ми се допаѓаат трите нови засилувања кои ги купија, тие играат добро, но тимот како тим... не ми се допаѓа воопшто. Не сум изненаден од резултатот. Нема позитивности“.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе