Тотнем

Мурињо за расправијата меѓу Лорис и Сон: Тоа беше прекрасно!

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо вели дека расправијата помеѓу Хуго Лорис и Сон Хеунг Мин била прекрасна и објасни дека тој е виновен што играчите се спречкале. 

Хуго Лорис му замери на Сон Хеунг Мин што не помогна во одбрана во последните секунди од првиот дел, па кога судијата означи крај, голманот му се пушти на напаѓачот и мораа да реагираат останатите играчи за да не се случи тепачка.
 
Французинот истакна дека вакви работи знаат понекогаш да се случат и нагласи дека недоразбирањата веќе се минато. 
 
Жозе Мурињо пак во свој стил прокоментира дека расправијата била прекрасна и објасни дека тој е виновен што играчите се спречкале.
 
„Тоа беше прекрасно. Веројатно се случи како последица на нашите состаноци и доколку сакате да обвините некого, треба да ме обвините мене. Ги критикувам моите момци бидејќи сметам дека тие не се критикуваат доволно едни со други“.
 
„Сакам да бараат повеќе, да бараат повеќе од другите. Сакам под притисок да ги стават колегите, тој тимски дух да го однесат до работ, секој да го даде максимумот за останатите“.
 
„Сони е извонредно момче, сите го сакaат, одличен тимски играч. Нo капитенот мислеше дека во последните секунди од првиот дел тој мора да понуди повеќе, мора да се однесува поинаку“.
 
„Неколку лоши зборови, мислам дека не дојде до тегнење и туркање, но ова е многу важно за тимот да забелжи напредок. Бележите напредок само кога барате повеќе еден од друг, потребен ви е силен карактер и јас сум задоволен од тоа што го видов“.
 
„Па на паузата им реков, „Штом реагирате вака, сигурен сум дека во второто полувреме ќе изгинете на терен заедно““.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе