„Специјалниот“ очигледно не може да седи мирен

Мурињо во кавга со ТВ каналот на Манчестер јунајтед: Не сакам да ви дадам информации!

На Жозе Мурињо не му се допаднаа прашањата кои му ги постави ТВ каналот на Манчестер јунајтед, „Специјалниот" обвини дека му работат зад грб и бараат да открие информации од кои полза ќе има само Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ утре го пречекуваат Арсенал на „Олд Трафорд“, па Жозе Мурињо денеска имаше обврски кон медиумите. Пред да се појави на прес, тој седна на разговор со ТВ каналот на Манчестер јунајтед, и успеа да направи мала кавга.

На „Специјалниот“ не му се допадна прашањето за повредените играчи, Жозе Мурињо верува дека Арсенал ќе се стекне со предност доколку тој открие вакви информации.

„Не сакам да ви дадам нови информации. Би сакал да видам како ТВ каналот на Арсенал му го поставува истото ова прашње на нивниот тренер, но тие не го прават тоа, тие кријат сè. Па зошто јас да ви одговорам? Зошто би им открил нешто на нив“ – порача Жозе Мурињо.

„Ќе ни биде тешко да го склопиме тимот. Ќе треба да направиме одредени адаптации и компензации со цел да имаме одреден баланс. Но и покрај ова, убеден сум дека ќе имаме борбен дух и ќе се обидеме да победиме“.

Ешли Јанг поради суспензија дефинитивно нема да игра, а под знак прашалник се и Крис Смолинг, Виктор Линделоф и Ерик Баји. Сити тројца го пропуштија дуелот со Саутемптон во саботата.

На „Сент Мерис“ на повреда се пожалија и Лук Шо и Маркус Рашфорд, а удари добија и Фил Џонс и Ромелу Лукаку.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе