Дали тоа значи дека може да биде тренер и на Јувентус

Мурињо: Во изборот на новиот клуб треба да одлучувам без емоции

Жозе Мурињо вели дека се уште не знае кој ќе биде неговиот следен клуб, но во изборот нема да вклучува емоции, туку ќе биде рационален. 

Сезоната во клупскиот фудбал во Европа завршува, а се уште не се знае кој ќе биде новиот клуб на Жозе Мурињо. 
 
Тој викендов е во Монако каде што ја следи трката за Големата награда на Монте Карло. Новинарите на „Скај Спортс“ ја искористија можноста да му постават неколку прашања.
 
Интересен е одговорот на Мурињо дека не треба да размислува со емоции при носењето на одлуката, туку да биде рационален. Тој негов одговор може да се сфати на повеќе начини. Можеби му значи дека не треба да избрзува, а можеби и дека би станал тренер на Јувентус иако му ја донесе историската тројна круна на Интер.
 
Запрашан за неговата иднина Мурињо за „Скај Спорт“ изјави: „Не знам, искрено не знам. Единствената работа која ја знам е дека не можам да бидам емоционален во изборот. Треба да бидам рационален“.
 
„Не можам да изберам само затоа што сакам да работам и само затоа што сум очаен да се вратам на работа, треба да изберам само ако оценам дека проектот е вистински за мене, дека ќе бидам вистински мотивиран“.
 
„Сакам да бидам подобар од било кога претходно. Учам многу, работам многу со мојот стручен штаб да бидеме добар тим и да бидеме подготвени за новата работа“.
 
„Па, треба да размислам. Треба да размислиме и да анализираме и да ја донесеме вистинската одлука“.
 
Мурињо беше запрашан и што мисли за финалето меѓу Ливерпул и Тотнем од Лигата на шампионите.
 
„Ќе бидам многу среќен за еден од моите колеги и ќе бидам многу тажен за еден од нив. Ги сакам и двајцата. Мислам дека и двајцата заслужуваат нешто големо во кариерата. Ќе ми биде мило ако Јирген или Маурисио освојат, но во исто време ќе ми биде жал дека еден од нив ќе загуби“.
 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе