Рома наскоро ќе отвори преговори со Македонецот

Мурињо во Алиоски гледа замена за Спинацола!?

Медиумите од Италија пренесуваат дека Езгјан Алиоски е ново име на листата со желби на Рома, „волчицата" во Македонецот гледа замена за повредениот Леонардо Спинацола.

Леонардо Спинацола минатата недела ја повреди Ахиловата тетива, левиот бек веднаш беше опериран и сега го чека долг процес на опоравување и пауза од најмалку шест месеци.

Па Рома и Жозе Мурињо започнаа потрага на нов лев бев а според пишувањата на „Ил Темпо“, ново име на листата со желби е Езгјан Алиоски.

Македонецот е слободен играч откако заврши неговиот договор со Лидс на 30. јуни а преговорите за продолжување на соработката завршија неуспешно.

„Ил Темпо“ вели дека раководството на Рома веќе остварило контакт со придружбата на Езгјан Алиоски, наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент и ќе достават конкретна понуда.

Весникот исто така додава дека Милан и Наполи внимателно ја следат ситуацијата. Македонецот претходно се поврзуваше со трансфер во Турција, каде Галатасај и Трабзонспор пројавуваат интерес.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе