„Специјалниот“ ја загуби трката со Французинот за столчето на Бернабеу

Мурињо вели дека Зидан назад во Реал е перфектно и додава: Зошто да сум разочаран, никогаш не кажав дека сакам...

Жозе Мурињо даде коментар за одлуката на Реал Мадрид да го именува Зинедин Зидан за нов тренер, вели дека ова е перфектно и додава дека тој не е разочаран што не ја добил работата.

Срамната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите, која беше трет пораз за Реал Мадрид во седум дена, значеше дека деновите на Сантијаго Солари на кормилото на првиот тим се одбројани. Аргентинецот ги предводеше „кралевите“ и против Ваљадолид, но веќе следниот ден беше разрешен и на негово место беше именуван Зинедин Зидан.

Одлуката на Реал Мадрид да го врати Французинот, кој си поднесе оставка пред девет месеци, сега ја прокоментира Жозе Мурињо.

„Мислам дека потегот е перфектен, Зидан заврши фантастична работа изминатите неколку години. Одлуката е перфектна, перфектна за Мадрид и перфектна за него, бидејќи добива голема шанса да покаже колку вреди со еден нов проект. Му посакува нему и на Реал се најдобро во иднина“ – вели Португалецот.

Жозе Мурињо исто така беше споменуван како опција, се говореше дека Флорентино Перез преферирал да го ангажира „специјалниот“ но под притисок на лидерите во соблекуваната, вклучувајќи го и капитенот Серхио Рамос, првиот човек на Реал на крајот го одбрал Зинедин Зидан.

Запрашан дали е разочаран што не ја добил работата, Португалецот вели: „Не, зошто да бидам разочаран? Никогаш не кажав дека сакам да се вратам во Реал. Ви велам, ова е перфектна одлука за Реал, перфектна за Зидан и перфектна за мене“.

Запрашан дали добил обајснување од клубот за изборот, Мурињо додава: „Не. Никој не треба ништо да ми објаснува. Зошто да ми објаснуваат?“

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе