„Граѓаните“ следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони

Мурињо вели дека одлуката на ТАС е срамна и прашвува: Ако Сити не е виновен, зошто да плати 10 милиони?

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо жестоко распали по одлуката на Судот за спортска арбитража да ја укине казната на Манчестер Сити и забраната за настап во Европа од две години.

ТАС синоќа ја прифати жалбата на Манчестер Сити, па „граѓаните“ следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Одлуката за многумина е изненадување но Судот за спортска арбитража вели дека УЕФА не понудила доволно докази, а и за дел од обвиненијата застарело делото.

Жозе Мурињо денеска беше запрашан на оваа тема а Португалецот реши жестоко да распали.

„Одлуката е срамна“ – вели тренерот на Тотнем. „Доколку Сити не е виновен, зошто ги казнуваат со 10 милиони? Штом не се виновни, нема потреба за парична казна. Од друга страна, ако се виновни, одлуката повторно е срамна бидејќи треба да им се забрани настап“.

„Во секој случај, одлуката е катастрофална“.

„Не велам дека Манчестер Сити е виновен. Едноставно валам дека ако не се виновни, не треба да платат. Знам дека парите не им се проблем, но штом не се виновни, не треба да платат ниту една фунта“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе