Навивачите се возбудени поради неговото доаѓање

Мурињо уште не почнал да ја води Рома, а веќе доби мурал во Рим (ФОТО)

Жозе Мурињо од следната сезона ќе биде тренер на Рома, но во италијанската метропола веќе го слават неговото доаѓање. 

Уличниот артист Хари Греб на ѕид од зграда во Рим, нацрта мурал од Жозе Мурињо како ја вози легендарната Веспа.
 
Веспата е исклучително популарна во Италија, а особено во Рим, таа е превозно средство за голем дел од населението.
 
Во првата своја изјава Мурињо рече дека една од клучните работи поради кои ја прифатил понудата од Рома е пасијата на фановите.
 
Португалецот очигледно сака да воспостави добар однос со навивачите на Римската волчица и судејќи по муралот, тоа му успева.
 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе