Откриено е дека Мурињо во документарецот за „Амазон Прајм“ вели дека учи корејски поради Сон.
„Комуникацијата е многу важна кога сум со група. Почит е кога можеш да зборуваш на јазикот на луѓето кои се во групата. Се обидувам со фудбалерите да зборувам на нивниот мајчин јазик, па учам и корејски“, вели Мурињо.
Мурињо течно говори шест јазици: португалски, шпански, каталонски, англиски, француски и италијански. Корејскиот ќе биде негов седми јазик, едно време се говореше дека учи и германски.