Баерн Минхен

Мурињо учи германски, дали ќе чека отказ на Ковач?

Жозе Мурињо открива дека во моментов учи германски јазик и не ја исклучува можноста да биде тренер во Бундеслигата.

Мурињо вели дека во моментов учи германски јазик бидејќи тој е единствениот кој му недостасува од големите лиги. Не ја отфрли можноста за преселба во Германија.
 
„Во моментов учам германски бидејќи тоа е единствениот јазик кој ми недостасува. Зборувам англиски, шпански, португалски, француски и италијански. А потоа се разбира, не исклучувам ништо, ниту Германија“, вели Мурињо.
 
Португалецот се поврзуваше со Баерн Минхен, но раководството на клубот одлучи да му даде поддршка на Нико Ковач. Останува да видиме како ќе му оди на стратегот во новата сезона, се чини дека Мурињо будно ќе ја следи ситуацијата.
 
Мурињо можеби ќе чека и отказ на Конте, тој со една изјава за „Кориере дело спорт“ му прави притисок на Италијанецот.
 
„Нероазурите треба да ја освојат Серија А оваа сезона. Сигурен сум дека ќе го направат тоа“,изјави Мурињо за „Газета дело спорт“.
 
Мурињо е последниот кој со Интер го има освоено Скудетото.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе