Португалецот е разочаран, но се фокусира на следните предизвици

Мурињо: Таков е фудбалот, загубивме, но нема време за драма

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо жали за поразот од Севиља, вели дека нема зашто да ги критикува своите фудбалери, но признава дека немале голема контрола на мечот.

Жозе Мурињо доживеа шокантна елиминација од Лигата на шампионите, Севиља го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд.
 
„Знаев дека првиот гол ќе биде многу важен, не само поради резултатот од првиот меч, туку и поради профилот на натпреварот. Се обидовме да бидеме агресивни и интензивни од првата минута. Не постигнавме гол и Севиља добро ја држеше топката и го контролираше мечот“, вели Мурињо.
 
„Имавме добри шанси да дадеме гол, но тие постигнаа погодок и по тој момент имаше многу повеќе емоции на теренот. После вториот погодок беше невозможно“.
 
„Имавме добри периоди, немавме голема контрола на мечот, но не можам да речам нешто лошо за моите фудбалери или за нивната желба за игра“.
 
„Тоа е фудбалот, загубивме, но утре е нов ден, а во сабота имаме нов меч“.
 
„Задоволен дека фудбалерите не ја криеја нивната тага, но немаме време за драма“.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе