Португалецот жестоко реагираше на една изјава на Солшер

Мурињо: Сон е среќен што неговиот татко е многу подобра личност од Солшер

Жозе Мурињо беше лут на коментарите на Оле Гунар Солшер за стартот на Мектоминеј врз Сон, па Португалецот брутално одговори.

Во првото полувреме судиите му поништија гол на Кавани откако претходно Мектоминеј го удри Сон по лицето, па по прегледувањето на снимката беше досуден фаул за Тотнем.

И покрај тоа што победи Манчестер јунајтед, Солшер го искоментира инцидентот, тој рече: „Сакам да кажам дека доколку мојот син лежеше доле така три минути со десет пријатели околу него... ако добиеше таков удар во лицето од еден од другите деца и ми беа потребни десет другари за да му помогнат да стане, немаше да му дадам било каква храна да јаде“.

Мурињо вели дека бил многу изненаден од таквата изјава на Солшер и брутално врати.

„Да ви кажам нешто. Многу сум изненаден што по коментарите кои Оле ги имаше за Сон, не ме прашавте ништо за тоа. И веќе му кажав на Оле бидејќи го сретнав пред само неколку минути. Доколку јас кажев дека фудбалер А, Б или Ц од друг клуб. Доколку јас кажев дека нема да му дадам вечера на мојот син денеска или нешто такво, каква ќе беше вашата реакција?“, им рече Мурњо на новинарите и продолжи.

„Многу сум тажен што немате морална искреност да ме третирате еднакво како што ги третирате и другите“.

„Само ќе кажам дека, Сон е многу среќен што татко му е подобра личност од Оле, бидејќи мислам дека татко, јас сум татко, таткото секогаш треба да ги храни своите деца, без разлика што направиле“.

„Доколку треба да украдете храна за вашитие деца, ќе украдете. Многу сум разочаран, и како што велиме во Португалија, леб е леб и сирење е сирење. Веќе му кажав на Оле што мислам за неговите коментари“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе