Тотнем ставен во невозможна ситуација

Мурињо со закана до Премиерлигата: Внимавајте што правите, можеби ќе одбиеме да играме!

Жозе Мурињо прави притисок врз Премиерлигата по најавите дека мечот помеѓу Астон Вила и Тотнем ќе биде одложен, вели дека нема да прифатат згуснат распоред во финишот од сезоната и можеби ќе одбијат да играат.

Астон Вила силно е погодена од ковид-19, се верува дека дури 10 играчи од првиот тим се позитивни. Вечерашниот дуел со Ливерпул во ФА Купот ќе се одигра, но под голем знак прашалник е средбата со Тотнем во среда во Премиерлигата.

Ова не му се допаѓа на Жозе Мурињо бидејќи Тотнем во финишот од сезоната може да се најде во ситуација да треба да игра и четири натпревари во една недела. На „спарси“ веќе им беше одложен мечот со Фулам, а ќе се бара нов термин и за вториот натпревар против Фулам поради настапот во финалето на Лига купот.

„Премиерлигата мора да покаже лидерство, да донесе разумна одлука. Не смее да не стави во невозможна позиција, не смее да не казни. Доколку не играме против Астон Вила, ќе имаме три одложени меча, и со оглед на тоа дека играме во Европа, ќе биде невозможно да се скрои распоредот“ – вели Жозе Мурињо.

„Правилата велат дека треба да се игра доколку на располагање се има 14 играчи, вклучувајќи ги и оние од академијата и ние бевме подготвени за вакво сценарио. Имавме позитивни случаи во нашите редови. Играчи, тренери, луѓе од персоналот. И ние имавме проблеми“.

„Летоска на програмата е Европското првенство, и тоа сигурно нема да биде поместено, па ќе бидеме во невозможна ситуација доколку имаме три одложени натпревари“.

„Видете, нема да ве лажам, веќе разговарав со мојот персонал за тоа што може да се случи и можам да ви кажам дека нема шанси да се повтори она што се случуваше на почетокот од сезоната и ќе одбиеме да играме по таков распоред“.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе