„Специјалниот“ поразен на враќањето на Олд Трафорд

Мурињо со провокација до Манчестер јунајтед: Полесно им е против подобрите тимови, не се плашат да одиграат дефанзивно!

Жозе Мурињо имаше неславно враќање на Олд Трафорд откако Манчестер јунајтед со 2-1 триумфираше над Тотнем, „специјалниот" честиташе за победата но не испушти можност да упати провокација до „ѓаволите".

Единаесет месеци по отказот, Жозе Мурињо синоќа се врати на Олд Трафорд. По три победи во низа откако го превзеде Тотнем, Португалецот синоќа го забележа првиот пораз, Манчестер јунајтед со двата гола на Маркус Рашфорд славеше со 2-1.

„Ѓаволите“ доста се мачат оваа сезона, но имаат прилично добри резултати против екипите кои се на врвот. Забележаа победи против Лестер и Челси, а се и едниствениот тим кој му откина бодови на Ливерпул.

Жозе Мурињо го искористи ова за да упати провокација и вели дека на Манчестер јунајтед му е полесно против подобрите тимови бидејќи не се плашат да одиграат дефанзивно.

„Резултатите на Манчестер јунајтед против најдобрите тимови оваа сезона се навистина добри. Победи над Челси и Лестер, бод против Ливерпул. За начинот на кој играат, полесно им е на овие мечеви. Не се плашат да одиграат дефанзивно. Па затоа им е полесно против подобрите тимови, против тимови кои сакаат да имаат поголем посед  на топка“ – вели тренерот на Тотнем.

„Комфорни се во ваква ситуација, си ниско поставена одбрана, играчи кои доминираат во скок играта и брзи пробивни фудбалер на контра како Рашфорд, Џејмс, Лингард и Марсијал кога тој игра“.

„Во второто полувреме одиграа баш како што сакаа. Се затворија, се бранеа, неколку опасни контри...“.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе