Португалецот секогаш знае како да врати

Мурињо: Слушнав дека ме критикува најлошиот тренер во историјата на Премиерлигата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо доби критики дека не му дава доволна минутажа на Маркус Рашфорд, но Португалецот имаше брилијантен одговор во негов стил.

Франк де Бур се обиде да го искритикува Мурињо и веројатно зажали.
 
Холанѓанецот беше тренер на Кристал Палас на почетокот од оваа сезона, но доби отказ откако ги загуби првите четири натпревари, а неговиот тим не даде ниту еден гол.
 
Де Бур го критикуваше Мурињо зошто почесто не го игра Рашфорд.
 
„Штета што тренер е Мурињо. Рашфорд е англиски фудбалер и потребно му е време, прави грешки, но Мурињо не го сака тоа, сака резултати. Доколку тој има еден или два лоши меча, Мурињо ќе го извади од составот. Рашфорд е многу млад и му требаат натпревари, треба да игра секоја недела“, изјави Де Бур.
 
Ваквата изјава му дојде како пенал на Мурињо, па на Португалецот не му беше тешко да одговори.
 
„Прочитав нешто, некои изјави од најлошиот тренер во историјата на Премиерлигата, Франк де Бур, кој вели дека за Рашфорд не е добро да има тренер како мене бидејќи најважната работа за мене било да победувам“, вели Мурињо.
 
„Доколку Рашфорд беше трениран од Френк ќе губеше бидејќи тој губи на секој натпревар. Јас се обидувам да му го дадам најдоброто на детето“.
 
„Треба да бидам искрен и да кажам дека заслуги за неговиот развој имаат луѓето од академијата и Луис ван Гал кој беше одговорен за него во првата сезона“.
 
„Но доколку сакате да одиме со бројки и колку меча има играно со мене во оваа и минатата сезона, би рекол дека тој веројатно е меѓу петте фудбалери со најмногу натпревари во двете сезони“.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе