Португалецот провоцира

Мурињо: Сите знаат дека Манчестер јунајтед имаше среќа

Жозе Мурињо вели дека Манчестер јунајтед со игрите во вториот дел од сезоната заслужил топ четири пласман, но додава дека „ѓаволите" имале и многу среќа.

На две кола до крајот, Манчестер јунајтед има ист број на бодови со Лестер и во последното коло овие две екипи во меѓусебен дуел веројатно ќе одлучуваат за последното место кое води во Лигата на шампиони. 

Жозе Мурињо може да му направи услуга на својот поранешен клуб, Тотнем во недела ги пречекува „лисиците“. „Специјалниот“ вели дека не знае какви се математиките, и додава дека Манчестер јунајтед заслужува топ четири пласман и покрај тоа што имал многу среќа. 

„Не ме интересира нивната битка, не знам какви се математиките. Знам само дека играат меѓу себе во последното коло“ - вели тренерот на Тотнем. 

„Доколку Манчестер јунајтед се пласира во топ четири, тоа е така бидејќи играат добро во вториот дел од сезоната, и кога играте добро, заслужувате. Исто така, сите знаат дека имаа многу среќа. Среќата беше на нивна страна повеќе од еднаш. Другите немаа таква среќа, особено ние немавме среќа“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе