Откако беше фатен како тренира во парк со некои играчи на Тотнем

Мурињо си ја прифати грешката и порача дека мерките мора да се почитуваат

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо прифаќа дека погрешил што имал тренинг во парк со Ндомбеле. 

Жозе Мурињо беше фатен како тренира со Ндомбеле во парк во Лондон, а Сесињон и Санчез џогираа еден до друг без социјална дистанца.
 
Пепораките од властите во Англија велат дека не смее да се излегува доколку не е неопходно, а за вежбање на отворено тоа мора да биде сам или со некој од семејството. Што значи дека Мурињо и играчите на Тотнем ги прекршиле правилата.
 
„Прифаќам дека тоа што го направив не беше во сооднос со протоколот на Владата и мора да имаме контакт само со членови на нашето семејство. Важно е сите ние да го дадеме нашиот допринос со тоа што ќе ги почитуваме владините совети со цел да им дадеме поддршка на нашите херои од здравството и да спасиме животи“, изјави Мурињо.
 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе