Португалецот ја имаше првата прес конференција како тренер на Тотнем

Мурињо: Се враќам посилен, во изминатите месеци размислував, анализирав, се подготвував

Жозе Мурињо ја имаше првата прес конференција како тренер на Тотнем, Португалецот вели дека на фудбалот му се враќа посилен од претходно. 

По 11 месеци без работа како тренер, Мурињо се враќа, во сабота против Вест Хем ќе го има првиот натпревар оваа година. Овој пат ќе биде во улога на тренер на Тотнем.
 
Првата прес конференција Мурињо ја започна со убави зборови за неговиот претходник на чие столче седнува, Маурисио Покетино.
 
„Имам насмевка на лицето два дена“ – вели Жозе Мурињо. „Но пред да почнеме, морам да го споменам Маурисио и да му честитам за сработеното. Морам да го споделам со вас она што веќе е споделено внатре во клбот. Тотнем секогаш ќе биде негов домот, тренинг центарот секогаш ќе биде негов. Може да се врати кога сака, доколку му недостасуваат играчите, доколку му недостасуваат луѓето со кои работел , вратите секогаш се отворени за него“.
 
„Од лично искуство, утре е нов ден, повторно ќе најде среќа, повторно ќе најде голем клуб, и ќе има блескава иднина. Го даде максимумот, секој ден работеше напорно за доброто на клубот, заминува со тага, но со чувство дека добро си ја заврши работата. Па сакам само да кажам дека сите во клубот го мислат истото за него, тој секогаш е добредојден тука“.
 
Португалецот вели дека сега е посилен од претходно бидејќи паузата ја искористил да се подготви и да ги елиминира грешките кои ги правел во минатото.
 
Отсекогаш мислев дека овие 11 месеци не се губење на време. Тоа беа месеци за размислување, за анализа и за подготовка“.
 
„Никогаш не ја губите својата ДНА, никогаш не го губите идентитетот, вие сте тој кој сте и за добрите и за лошите работи. Но има период кога размислувате за многу работи. Сфатив дека во текот на мојата кариера сум направил грешки и нема да ги повторам истите тие грешки“.
 
„Сега сум посилен. Не сум поспремен, секогаш бев спремен! Но посилен сум од емоционална гледна точка“.
 
„Релаксиран сум, мотивиран, подготвен и мислам дека фудбалерите го почувствуваа тоа во овие два дена. Мислам дека почувствуваа дека сум подготвен да им дадам поддршка, не се работи за мене“.
 
„Јас сум во период кога не се работи за мене, туку се работи за клубот, за фановите, фудбалерите. Не за мене. Јас сум тука да се обидам да им помогнам на сите“.
 
 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе