Приоритет и дава на Лига Европа

Мурињо се откажа од Лига Купот: Што ќе направите доколку сте на мое место?

Жозе Мурињо вели дека Тотнем мора да го жртвува Лига Купот и да даде преднсот на Лига Европа, стратегот е приморан на ова поради згуснатиот распоред.

„Спарси“ утре го пречекуваат Челси во четвртото коло од Лига Купот, а два дена подоцна играат против Макаби Хаифа во плеј-офот од Лига Европа, па Жозе Мурињо вели дека Тотнем мора да се откаже од едното натпреварување.

„Што ќе направите доколку сте на мое место? Би сакал да се борам за Лига Купот но мислам дека не можеме. Имаме натпревар во четврток кој можеби не ни дава толку многу пари како Лигата на шампиони, но групната фаза од Лига Европа обезбедува значајна сума на пари за клуб како нас, па натпреварот во четврток е многу важен“ – вели „специјалниот“.

Една новинарка му сугерираше дека Тотнем може да го победи Челси доколку во предвид се земе колку добро „спарси“ играле против Њукасл и колку „сините“ лошо одиграле, особено во првото полувреме, против ВБА.

„Сериозна си или се шегуваше?“ – одговори Мурињо. „Челси играше во сабота, недела и понеделник се слободни, играат во вторник, и потоа играат дури за викендот. Имаат фантастичен состав па доколку нивниот тренер реши да не ротира, може да игра со кои играчи сака“.

„Како што знаете, ние игравме минатиот четврток, потоа во неделата, сега играме во вторник, па во четврток па во недела повторно“.

„Повредата на Сон е само прва, сигурен сум дека ќе има уште многу“.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе