„Волчицата“ синоќа одново загуби на гостувањето во Норвешка и иако водеше со 0-1 по крајот на првото полувреме, домаќините во продолжението направија пресврт и стигнаа до триумф од 2-1.
И покрај поразот, Жозе Мурињо вели дека Рома е фаворит за пласман во полуфиналето од Конференциската лига, „специјалниот“ само бара добри судии за реваншот во Рим.
„Загубивме со 2-1 но реваншот го играме на Олимпико пред нашите навивачи па затоа без проблем ќе речам дека сме фаворити за пласман во полуфинале. Имам целосна верба во моите играчи, атмосферата на стадионот и поддршката од фановите“ – вели Жозе Мурињо.
„Треба само да добиеме добри судии. Кога игравме во Рим првиот пат (во групната фаза) имаше два чисти пенали за нас кои судијата не ги виде, додека пак денеска имаше две спорни офсајд ситуации. Прилично смешна беше ситуацијата кога ни досудија офсајд од аут“.
„Тоа кажува какво е нивото на судиите“.