Португалецот искоментира со сарказам

Мурињо: Сакам и јас како Солшер, да водам голем клуб а да зборувам за иднината, не за сегашноста

Жозе Мурињо на саркастичен начин ја прокоментира работата на Оле Гунар Солшер во Манчестер јунајтед. 

Солшер откако стави потпис на перманентниот договор со Манчестер јунајтед има катастрофален учинок. На вчерашната емисија на „Скај Спортс“, Мурињо на посебен начин ја прокоментира работата на младиот стратег.
 
„Ќе се обидам да најдам работа каква што има Оле во моментов, а тоа е цело време да зборувам за иднината, а не за сегашноста“, вели Мурињо.
 
„Мислам дека тоа е одлична ситуација. Тој има тригодишен договор, и зборува за иднината и младите фудбалери“.
 
„И само на крајот од неговите пораки ќе спомне дека резултатите се важни. Мислам дека тоа е одлично да го правиш во гигантски клуб каков што е Манчестер јунајтед“.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе