Лутите ривали во битка надвор од терените

Мурињо сака на Гвардиола да му го украде Санчез, Манчестер јунајтед со понуда за Чилеанецот

Клубот од Олд Трафорд понудил 25 милиони фунти за услугите на Алексис Санчез во обид да го украдат Чилеанецот од градскиот ривал Манчестер Сити

Алексис Санчез во летниот преоден рок беше на чекор до Манчестер Сити, но Арсенал во последен момент се повлече од зделката.

По повредата на Габриел Жесус, „Граѓаните“ сега го обновија интересот и доставија понуда вредна 20 милиони фунти.

Се најавуваше дека Чилеанецот следната недела ќе се пресели на Етихад, но сметките на Пеп Гвардиола може да ги поремети неговиот стар непријател, Жозе Мурињо.

Медиумите од „Островото“ пишуваат дека Манчестер јунајтед доставил понуда од 25 милиони фунти, а „Црвените ѓаволи“ во зделката можат да го вметнат и Хенрих Михитарјан.

По ваквите шпекулации, фановите од црвената половина на Манчестер забележаа дека агентот на Алексис Санчез, Фернандо Фелисевич на Твитер следи малку клубови, еден од нив е токму Манчестер јунајтед, па навивачите почнаа да сонуваат дека Жозе Мурињо ќе го украде играчот од лутиот градски ривал.

Во меѓувреме, новинарот Макс Карденас откри дека покрај Манчестер јунајтед, во трката се приклучува и Ливерпул, но додава дека играчот го има последниот збор и Алексис сака да игра под водство на Пеп.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе