Португалецот си најде оправдание по дебаклот во Норвешка

Мурињо: Рома има само 13 фудбалери

По историскиот дебакл на Мурињо, поразот од 6-1, Португалецот се пожали на краткиот состав кој го има Рома и рече дека веќе никој не смее да го праша зошто игра со истите фудбалери.

Рома доживеа тешко понижување на гостувањето кај норвешкиот Бодо/Глимт, Мурињо првпат прими шест гола во кариерата.

Мурињо за овој меч реши да одмори дел од своите најдобри фудбалери, па токму во тоа го бараше изговорот за поразот.

„Јас решив да играм со овој состав, па одговорноста е моја“, вели Мурињо.

„Го направив тоа со добра намера, да им дадам шанса на тие кои работеа напорно и да го ротирам тимот за терен со вештачка трева и ладно време. Одлучив да ги одморам главните фудбалери“.

„Загубивме од тим кој покажа повеќе квалитет, тоа е“.

„Доколку секогаш можам да играм со истите 11 фудбалери, би играл. Ризично е бидејќи имаме огромна разлика меѓу квалитетот на двете групи на фудбалери. Знаев дека составот е лимитиран, тоа не е ново за мене, но и покрај тоа очекував подобро издание. Ќе повторам, изборот е мој, па и одговорноста е моја“.

„Секој пораз ви носи штета. Зборував со фудбалерите и бев искрен. Бев искрен со нив, но не можам да бидам искрен со вас“.

„Никогаш не го криев фактот дека составот е лимитиран. Имаме 13 фудбалери кои претставуваат еден тим, а другите се на друго ниво“.

„Има една позитивна работа во сето ова, веќе никој нема да ме прашува зошто секогаш играм со истите фудбалери“.

Следниот меч на Рома е против Наполи.

„Ќе играме со истиот менталитет како и на претходните мечеви. Работите кои ги кажуваме во соблекувалната никогаш нема да ги кажам јавно. Ќе продолжиме да дискутираме приватно без да ги рекламираме нашите внатрешни проблеми“.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе